Починал работник од Струга, кој работел на каменолом

Во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид вчера околу 15 часот бил донесен починат В.М. (61) од Струга.

Како што соопшти денеска МВР, В.М. бил вработен во фирма, која изведувала работи во каменоломот на местото викано „Стрижак“ на планината Јабланица.

Увид на местото на настанот извршила екипа на ПС Струга. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.