Починал затвореник од Идризово

Затвореник од КПУ„Издризово“ починал во Килничкиот центар „Мајка Тереза“, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 15 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.Д.(34) од Тетово во ќелија бил пронајден во безсознание.

Тој со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Телото на починатиот било дадено во судска медицина за обдукција.