Починат маж пронајден во Гевгелија

Тело на средовечен маж од околината на Гевгелија е најденио е вчера во дом во градот, а засега нема знаци дека станува збор за насилна смрт, соопшти во петоков Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 13.20 часот било пријавено дека во стан на улицата „Сава Михајлов“ во Гевгелија, бил пронајден починат 57-годишниот И.И. од селото Дедино, бeз траги на насилство, информирале од СВР Струмица.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.