Почна американската шопинг треска

Предбожикната шопинг треска започна во петокот кога купувачите ширум Соединетите држави масовно се втурнаа во трговските центри во потрага по што поголеми попусти.

Таканаречениот „црн петок“ го означува почетокот на сезоната на попусти, а многу продавници своите врати ги отворија и пред петокот, уште со вчерашниот празник Денот на благодараноста, кој традиционално се одбележеува секој последен четврток во октомври.

Анкетите покажуваат дека 23 отсто од испитаниците рекле дека ќе го искористат тоа што продавниците почнаа да нудат попусти и пред „црниот петок“.

Националната трговска федерација проценува дека 116 милиони луѓе во САД планираат во петокот да поитаат во купување и се очекува дека во текот на петте дена купувачка треска ќе минат низ што поголем број трговски центри.

По „црниот петок“ следи „саботата на малите продавници“ и на тој ден купувачите се поттикнуваат да купуваат во локалните продавници, за да го поддржат нивното опстанување. Повеќето продавници ќе бидат отворени целиот ден и во недела, а шопингот завршува со ткн „сајбер понеделник“, под што се подразбираат посебни понуди во интернет тргувањето.