Почна аплицирањето за билети за Суперкупот

УЕФА ги објави цените на влезниците за Суперкупот во Скопје меѓу освојувачот на ЛШ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кои се движат од 15 до 50 евра.

Едно лице ќе може да аплицира за најмногу четири билети од истата категорија. За билетите може да се аплицира од 13 јуни (14.00 часот) до 4 јули (14.00 часот).

Лицето *или лицата, доколку се аплицира за повеќе билети) кое ќе ги купи билетите мора да оди на мечот и истите не може да се префрлат на друго име. Доколку има промени во нарачката, тогаш лицето мора да најави промени на интернет-страницата на УЕФА.

За да аплицирате за билет, мора да се регистрирате на интернет-страницата на УЕФА.

Повеќе прочитајте ТУКА

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.