Десетици илјади лица се уште се без електрична енергија во државата Квинсленд, каде властите издадоа нови предупредувања и повикаа на евакуација пред обилните дождови што се очекуваат по ударот на силниот циклон.
Пристигнува дожд, обилен дожд, соопшти на државната радио станица претставникот на Службата за вонредни ситуации во Квинсленд Марк Роук.
Циклонот Деби во вторникот ја погоди Австралија, при што беа соборени далноводи, уништени полиња со шеќерна трска и беше затворен рудникот за јаглен.