Почна кампања „Шкртај Северна“

117

Група македонски активисти членови на движењето #Бојкотирам започнуваат кампања насловена #ШкртајСеверна. Кампањата засега се одвива на социјалните мрежи, а целта е сите што се против промена на името Република Македонија додека се живи да го користат само терминот Македонија.

Пораката е во секоја прилика, неформално или кога е во употреба во администрација Македонците да го пречкртуваат додатокот Северна на името Македонија.

На првиот ден од кампањата илјадници луѓе започнаа со пречкртување на Северна.

Иницијатирите на бесплатната кампања не се поврзани со ниту една политичка партија или групација.

Skin Delight