Почна маршот на Независниот полициски синдикат

Независниот синдикат на полицијата (НСП) го почна тричасовниот синдикален марш под мотото „Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце“ низ центарот на Скопје за враќање на достоинството во полицијата.

Полицајците со повеќе возила тргнаа од паркингот пред МРТ во 9.30 часот од каде застанаа пред Владата за да изразат револт, а ќе се паркираат на улицата Јордан Мијалков, од каде пеш ќе одат до главната капија на МВР за да одржат прес конференција.

Целта на организирањето на синдикалниот марш со возила е игнорантскиот однос на Министерството за внатрешни работи на чело со министерот во врска со неспроведувањето на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР на РМ во однос на репрезентативност на синдикат кој по сила ма закон има 20 отсто и повеќе членство на вработените, велат од Независниот синдикат на полицијата.