ФОТО: Почна „Вино Скоп 2015“

Почна „Вино Скоп 2015“
Почна „Вино Скоп 2015“

На паркингот кај Аква Паркот, зад спортската сала „Борис Трајковски“,   вчеравечер почна традиционалниот девети по ред Фестивал на виното „Вино Скоп 2015“.

Почна „Вино Скоп 2015“
Почна „Вино Скоп 2015“

Посетителите на фестивалот  до 4-ти октомври ќе имаат можност да уживаат во врвни вина од над 20 македонски вински брендови, кои  по промотивни цени на секој од штандовите ќе ги промовираат своите вина, а годинава, исто така,  ќе можат да пробаат и нешто поразлично на штандот со вински коктели- сангрија и вино мохито.

Почна „Вино Скоп 2015“
Почна „Вино Скоп 2015“

Свои штандови и шаторите поставија  најдобрите македонски винарии, а покрај доброто вино на фестивалот има неколку места каде што  може да се пробаат вкусни македонски деликатеси – кашакавал, сирења,  скара  и сувомеснати производи. За првпат годинава на „Вино Скоп“ има храна за сите вкусови, односно и веган корнер – штанд со веганска храна.

Почна „Вино Скоп 2015“
Почна „Вино Скоп 2015“

Фестивалот го отвори Дј Тина, а по неа следуваа Chill Play, Eye Cue, Тајзи и гостите од Црна Гора и Србија- Бојан Маровиќ и Дејан Цукиќ-Цуки.

Почна „Вино Скоп 2015“
Почна „Вино Скоп 2015“

На отворањето на „Вино Скоп 2015“ присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Почна „Вино Скоп 2015“
Почна „Вино Скоп 2015“

И годинава плаќањето на „Вино Скоп“  се врши со фестивалски бонови, кои  може да ги купите на влезовите на фестивалот.

Почна „Вино Скоп 2015“
Почна „Вино Скоп 2015“

За реализација на овој фестивал на виното Градот Скопје од Буџетот издвои 500 000 денари, а  традиционално го организира „Темов“.