САД вчера ги презедоа првите воздушни напади врз цели на џихадиситчката група Исламска држава со авиони со екипаж од базата Инџирлик во Турција.
Коалицијата предводена од САД претходно извршуваше напади со беспилотни летала.
Турски воени авиони не биле вклучени во вчерашните напади.
Во јули Турција првпат почна воздушни напади против милитантите во Сирија.
Потпишан договор за користење на базата Инџирлик
Договорот со кој Анкара им дозволува на Коалициските сили предводени од САД да ја користат воздухопловната база Инџирлик е потпишан.
Овој договор се однесува за користење на базата Инџирлик исклучиво за борба против Исламска држава.
Истиот не вклучува поддршка од воздух за курдските борци во северниот дел на Сирија.
Претседателите на САД и на Турција, Барак Обама и Реџеп Таип Ердоган договорот за користење на базата Инџирлик го постигнаа минатата недела.
САД и Турција со независна зона од Исламска држава
Независна зона од Исламска држава ќе формираат САД и Турција, соопштија денеска американски претставници.
Целта е воспоставување слободна зона од Исламска држава и обезбедување поголема стабилност по должината на границата на Турција со Сирија, изјави неименуван американски претставник.
Деталите на „слободната зона“ треба се уште да се разработат, но наведе дека „евентуалните заеднички воени напори нема да вклучат зона забранета за летови“, што подолго време го бара Турција, рече тој.
Договорот уследи по седмицата на насилства во Турција за што властите ја обвинија ПКК и екстремисти од ИД.
Службите во Турција претходно во Истанбул и Анкара спроведоа антитерористички акции во кои беа уапсени стотици лица поврзани со ИД.