Почнува процесот за собраниските настани од 27-ми април

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје во средата е закажан почетокот на процесот за настаните од 27-ми април 2017 година, кога маса граѓани влегоа во Собранието протестирајќи против вонрпоцедуралнито и нелегалниот избор на Талат Џафери за претседатател на македонскиот парламент, при што се случија и безредија.

Под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во судницата треба да се појават поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ –  Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно триесет лица се обвинети во овој процес.

Обвинети, меѓу другите, се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот началник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началникот во МВР Душко Лазаров, Митко Пешов, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Александар Василевски-Нинџа…

На обвинителна клупа ќе седнат и оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски.

Ќе им се суди и на двајцата вработени во Управата за безбедност и конраразузнавање, Оливер Радулов и Сашо Марковски, кои ги одзеле харддисковите со безбедносните видеоснимки од Собранието.

Предметот ќе го води судијката Добрила Кацарска, којашто закажа вкупно 38 рочишта, од кои пет во август, шест во септември, десет во октомври и дури седумнаесет во ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.