Почнува ракометниот мундијал во Скопје

Од денеска до 18 август, Скопје ќе биде домаќин на кадетското Светско првенство во двете големи скопски сали – „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.

Македонските ракометни надежи групната фаза ќе ја играат во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Прв противник на Македонија е селекцијата на Аргентина, натпревар кој ќе се одигра во вечерниот термин од 20:30 часот во спортскиот центар Борис Трајковски.

Подготовките за настапот на планетарниот собир кадетите ги имаа во Струга до 17 јули, продолжија во Маврово, а последните тренинзи се одржуваа во Скопје.

Првопласираните четири селекции од секоја група ќе се пласира во осминафиналето, а нашата група се поврзува со групата Д во која се наоѓаат Исланд, Германија, Србија, Тунис, Бразил и Португалија.