Почнува режимот за товарни возила на патот Скопје – Охрид- Скопје

Почнува режимот за товарни возила на патот Скопје – Охрид- Скопје

Од утре ќе почне примената на времениот режим на сообраќај на тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистрален пат А2 делница:  Скопје – Охрид – Скопје.

Забраната се однесува на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. Режимот ќе трае до 1 септември, соопшти Автомотосојузот на  Македонија, повикувајќи се на информација на Министерството за транспорт и врски.

Оваа година има измена во временските интервали во однос на ограничувањето кое важеше минатите години, со цел да им се овозможи повеќе време за движење на тешките товарни возила.

Забраната ќе се однесува за време на викендите – во петок од 15 до 22 часот, во сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.