Почнува судењето на шефот на полицијата 30 години по несреќата на стадионот Хилсборо

Треисет години откако 96 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени на фудбалскиот натпревар меѓу Нотингем Форест и Ливерпул на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд, започнува судењето на тогашниот шефот на полицијата на тој меч и на уште полициски службеници.

Трагедијата на „Хилсборо“ до денес е најголемата несреќа во историјата на британскиот спорт и една од најголемите спортски трагеди во историјата во светот.

Несреќата се случи на 15-ти април 1989 година на натпреварот од ФА купот. Англискиот фудбалски сојуз го избрал неутралниот стадион „Хилсборо“ како мегдан на кој ќе се борат двете екипи за титулата. Меѓутоа, поради пренатрупаност на трибините, 96 лица загинаа и уште 766 беа повредени. Тогаш на стадионот се натискале повеќе од 50.000 гледачи, иако капацитетот на стадионот изнесувал 39.000 посетители.

Одговорноста за несреќата падна на полицијата, бидејќи дозволила премногу луѓе на трибините. Обвинение е покренато против Дејвид Дакенфилд, кој бил шеф на полицијата на тој натпревар, а обвинет е за убиство од небрежност. Тогашниот инспектор Норман Бетисон е обвинет по четири точки за нарушување на должноста. Греам Макрел, кој бил секретар на клубот Шефилд Вендсдеј и службеник за безбедност во времето кога се одиграла несреќата, е обвинет за кршење на безбедносните правила и непружање помош на повредените, а уште тројца полицајци Дондалд Дентон, Алан Фостер и Питер Мертклаф, се обвинети бидејќи се обиделе да сокријат што се случило на стадионот. Сите тие ги негираат обвинувањата.

По несреќата британската влада формираше комисија којашто требаше да ги истражи случајот, а и во извештајот на лордот Тејлор од 1990 година се наведува како причина за трагедијата лошата полициска контрола. Меѓутоа, одлучќено е дека нема доволно докази за покренување истрага против надлежните лица од полицијата. Вистината за несреќата долго беше прикривана, а семејствата на настраданите се бореа властите повторно да отворат истрага. Властите дури 20 години ја прикривале документацијата, а во 2012 година е независна истрага покажала дека полицијата се обидела да ја забошоти вистина.
Судењето на судот во Престон, со кој ќе претседава судијата сир Петер Опеншоу, би трабало да трае до мај, а 30-годишнината од трагедијата ќе биде одбележана на 15-ти април. Се очекува дека судијата ќе го запре судењето во текот на седмица на годишнината.