(ВИДЕО) Под контрола ставен пожарот во Нотр-Дам

e

Пожарот кој синоќа предвечер избувна во прочуената париска катедрала Нотр-Дам (Пресвета Богородица) беше ставен под контрола по 3 часот утрото во вторникот, по осум часа беснеење на огнената стихуја, објавија париските поражникари.

Огнот по избувнувањето брзо се прошири и прво изгоре кулата на камбанаријата, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив. Пожарникарите успеаја да го спрачат уривањето на главната камбанарија и спасуваат древни верски реликвии и непроценливи уметнички дела. Еден пожарникат е тешто оповреден и тој е засега единствената пријавен жртва.

„Ќе продолжиме да внимавале на сите преостанати огнени џебови и да ги ладиме деловите кои сѐ уште се жешки, како што се рамките од дрвените греди“, изјави портпаролот на противпожарната служба во раните утринските часови.

„Најлошото е избегнато“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за новинарите на местото на настанот околу полноќ. Најави иницирање кампања за собирање пари за обнова на катедралата, акција која всушност започна пред две години, а пожарот избувна во текот на работи за реновирање.