Подарок и донесе 60 илјади денари на Светлана Дулгерска

Падна трета седумка во 2015. вредна 120 илјади евра

Првата недела од септември, покрај радоста за новата учебна година ја донесе и најновата добивка од игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Инстант лозот Подарок и обезбеди одлично изненадување на Светлана Дулгерска , убава добивка од 60 илјади денари

Светлана Дулгерска од Делчево, својот среќен Инстант лоз Подарок го купила од продажното место Берона Б. Интересно е тоа што додека го одбирала лозот, неколку пати го заменувала, па дури и самата сопственичка на среќното место на крај и помогнала во изборот, насочувајќи ја кон среќниот лоз. Светлана редовно ги игра игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Освоила повеќе помали добивки, но и Бинго пред 10 години.

Само за потсетување Инстант лотаријата Подарок има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот Подарок ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или било каков друг повод. Со добивките од лозот Подарок развеселете се самите или другите.

Цената на лозот Подарок е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава. Трите идентични суми во лозот се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа.

Со најубави желби за љубов и дружење, одберете го вашиот среќен Подарок!
Инстант лозот Подарок може да го пронајдете во сите продажни места со знакот на детелинка ширум Македонија.