Поддршка на босанскиот народ од сите страни

Бројни интелектуалци од регионот и светот ги поддржаа протестите кои со денови се оддржуваат во повеќе градови во Федерацијата на БиХ.

„Изразуваме потполна поддршка на легитимните барања и оправданиот бес на граѓаните на БиХ. Нивното барање за пристоен живот, вистинска демократија, солидарност која нема граници, било да се работи за етничка, национална или верска, социјална еднаквост и права, одекна ширум светот,“ се наведува во писмото на поддршка.

„Босанските демонстранти покажаа храброст и успеаја да ги надминат сите институционални пречки и сите ограничувања кои владите ширум светот им ги наметнуваат на граѓаните. Граѓаните на БиХ се побунија против системот на неправда, нееднаквост кој до сега служеше само на мал број припадници на политичката, еконономската и финансиската елита,“ наведуваат интелектуалците

По војната во која животот го загубија 100 илјади луѓе, договорот за мир го оживеа капиталистичкиот систем, ја уништи работничката класа и допринесе за вкоренување на етнички, социјални поделби кои успешно ги искористија политички елити, истакнаа светските интелектуалци.

Протестите на граѓаните на БиХ ги поддржа бројни интелектуалци, писатели, филозофи од поранешна Југославија, но и американскиот лингвист и филозоф Ноам Чомски, италијанскиот филозоф Франко Бер, британско-пакистантски писател и активист Тарик Али и други интеелктуалци од Германија, Франција и САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.