Поддршката за Антикорупциска е само декларативна, тврди Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска во денешното гостување во „Утрински Брифинг“ истакна дека веќе почнале да го градат чувството дека поддршката од власта е декларативна.

„Владата излезе со силна политичка волја, го донесе законот за Комисијата и во тој закон беа утврдени јасно и прецизно надлежностите на Комисијата, меѓутоа и правата на Комисијата во смисла на тоа како таа ќе успева да ги обезбедува податоците итн. Ние за да си ја исполниме улогата треба да имаме одредени можности, не сме само за сликање,“ рече Ивановска.

Додаде дека секогаш кога ќе се сретне со функционерите од власта постојано ѝ е ветувано дека ДКСК наскоро ќе добие свои простории но никако ветувањето да си го исполнат.

„Верував во приказната дека толку се парите особено со ковид-кризата и навистина сметав дека дотука е силата и дека можеби и ние не треба премногу да притискаме да ни се купи простор по секоја цена. Всушност и за тоа отидовме на варијанта Б да се среди ова како може да се среди, меѓутоа да биде поевтино и од друга страна да се обезбеди неопходни услови за работа. Меѓутоа со последниве настани кога се изброија 14 милиони евра не верувам веќе во таа приказна дека нема пари за ДКСК“, нагласи Ивановска.

Посочи дека во зградата во која се смести ресорот на првиот вицепремиер за политичкисистем Артан Груби требало да се всели ДКСК и Финансова полиција. Во таа зграда требало,како што додаде Ивановска, да се сместат побитни институции кои треба да откриваат корупција и криминал.