Поддршката за здравствените работници на земјата Американците ја изразуваат со – лаеж и ноќно завивање

Ако Италијанците тоа го прават со песна и музика, Шпанците со аплаузи, Американците, монотонијата почнаа да ја разбиваат со кучешко завивање.

Има нешто многу Американски и западно во ова, пишува неделникот „Тајм“.

Секоја вечер во 20 часот навечер од Калифорнија до Колорадо, од Џорџија до Вашингтон округ Колумбија и до Њујорк, Американците, секој на свој начин, завиваат, лаат и мјаукаат.

-Се шири нов ритуал на едно изолирано општество отсечено еден од друг.

За некои, тоа е начин да се искомуницира за огромната жртва на здравствените работници и првата помош за нивната бескрајна жртва, за други, начин да се ублажи болката, изолацијата и фрустрацијата. Трети пак, со лаежот даваат поддршка за безодмниците. Причините се разни, пишува изданието.

Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, ги охрабрва жителите да го прават тоа.

-Завиваат родителите, завиваат и децата на кои им недостасуваат школските другарчиња, се придружуваат и кучињата во дворот. Се слушаат и спорадични петарди, сирени или ѕвонења, наведува „Тајм“.