Поддржувачите на Саакашвили се обидоа да заземат сала во Киев

Над триесет припадници на украинските сили за воспоставување на редот кои се наоѓале во опкружениот Октомвриски дворец во центарот на Киев, настрадале при обидот на стотици поборници на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили да влезат во обидот, изјави во неделата советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Зорјан Шкирјак.

„Во моментов станува збор за десетици настрадани полициски службеници. Според последните информации, ги има над 30 луѓе. Бројката може да се зголеми, и по прецизирањето ќе ја објавиме“, рекол советникот за украинската телевизија „112 Украина“.

Претходно во неделата неколку стотици демонстранти коишто ги води сега украинскиот опозициски челник Михаил Саакашвили се обидоа да го заземат објектот во центарот на Киев, фрлајќи петарди врз зградата на што полицијата одговори со водени топови.

Полицијата успеала да ги одбие демонстрантите коишто се обидуваа да го заземаат Октомврискиот дворец во кој во тоа време се одржувал концертот на Glenn Miller Orchestra. Некои од поддржувачите на Саакашвили успеале да влезат во зградата, но не го прекинале концертот.

„Министерството за внатрешни работи на Украина побара од демонстрантите да се воздржат од провокации, да не се обидуваат да ја заземат зградата и да не ги изложуваат децата на опасност“ наведе на Twitter портпаролот на министерството Артјом Шевешенко.

„Морате да им покажете дека се храбри, но и многу мирни. Ќе останам со вас до крајот“, им се обратил Саакашвили на своите приврзаници пред Октомврискиот дворец.

Саакашвили ги предводи протестите и повикува на соборување на украинскиот претседател Петро Порошенко и парламентот, кои ги објавува дека не сториле доволно во борбата против корупцијата.

Обинителството, меѓу другото, го обвинува Саакашвили кој беше западен сојузник во Грузија, дека помагал криминална организација. Се наведува дека примил пари и од поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, во чиешто соборување со помош на Западот учествуваа и грузиски платеници, за наводно да организира државен преврат. Доколку се утврди вината на Саакашвили, би можел да добие до пет години затвор.

Некогашниот негов сојузник, украинскиот претседател Порошенко му помогна на Саакашвили да дојде во 2015 година во Украина и да стане гувернер на регионот Одеса на Црното Море, со мнозинско рускојазично население. По година и пол Сакаашвили поднесе оставка на должноста, обвинувајќи го Порошенко за вкоренета корупција и барајќи негова оставка.

Додека Саакшвили пред неколку месеци престојуваше надвор од земјата, Порошенко му го одзема државјанството коешто експресно му го издаде пред две години, откако имаше шпекулации дека ќе се кандидира за претседател. Саакашвили во септември илегално влезе во Украина минувајќи ја границата со Полска во текот на масовниот судир на неговите приврзаници и украинската полиција.

Веднаш по апсењето на фејсбук профилот на Саакашвили се појави повик за масовно протесно собирање. Медиумите во Киев пишуваат дека се подготвува подигнување протестен камп, сличен како оној на плоштадот Мајдан кога се уриваше Јанукович, во што учествуваа според подоцнежни сведочења и платеници од Грузија.

Иако ужива силна поддршка меѓу своите приврзаници, Саакашвили во Украина има доста мала поддрпка. Само 1,7 отсто од гласачите ја поддржуваат неговата партија Движење на новите сили, покажува анкетата која во октомври ја спроведе Центарот Разумков од Киев.

Неговите приврзаници го сметаат за бестрашен борец против корупцијата, додека критичарите сметаат дека има малку веродостојна содржина зад неговата реторика.