Поделби во ЕУ околу брзото членство на Украина

Челниците на земјите членки на Европската унија се поделени околу тоа дали Украина цврсто да ја стават на патот за членство, изјави во средаа претставник на Унијата, само еден ден пред шефовите на држави и влади на членките да разговараат за барањето на Киев за брзо приклучување, јавија британските медиуми.

Официјалниот претставник, кој е вклучен во подготовка на самитот на ЕУ во Версај и кој зборуваше под услов да остане анонимен, кажа дека сите лидери се за зајакнување на врските со Украина.

„Но, прашањето е дали тие ќе постигнат консензус за проширувањето, што понекогаш е понепријатно“, рече претставникот на Унијата пренесоа британските медиуми.