„Подемот на Скајвокер“ заработи 40 милиони долари првата вечер во Северна Америка

78

Долго очекуваниот филм „Ѕвездени војни: Подемот на Скајвокер“ заработи 40 милиони американски долари од продажбата на влезници во САД и во Канада првата вечер од прикажувањето, што е петтото најдобро остварување во историјата на филмот, соопшти компанијата „Walt Disney“.

Обожавателите на филмскиот серијал кој трае веќе 42 години ги наполнија кино-салите во четвртокот вечерта за да ја видат завршницата на сагата за Ѕвездените војни.

На меѓународните пазари „Подемот ја Скајвокер“ донел дополнителни 59,1 милиони долари, соопштија од „Walt Disney“.

Меѓутоа, последниот филм од познатата франшиза заработил помалку од претходните две продолженија – „Будењето на силата“ од 2015 година кој во ноќта на премиерното прикажување во Северна Америка оствари приход од 57 милиони долари, додека „Последниот Џедај“ од 2017 година заработи 45 милиони долари.

Филмот кој го режираше Џеј Џеј (Џефри Џејкоб) Абрамс се рекламира како последна епизода од вселенската сага која во 1977 година ја започна Џорџ Лукас и во чие средиште е младиот херој Лук Скајвокер.

„Подемот на Скајвокер“ ги подели критичарите, но од „Walt Disney“ соопштија дека обожавателите добро го прифатиле. Според компанијата, 86 отсто од гледачите позитивно го оцениле филмот на порталот Rotten Tomatoes.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.