Подгответе се: Уште една недела исполнета со сонце, облаци и дожд

Стабилно и топло време ќе преовладува во текот на следните денови, најавуваат метеоролозите.

Веќе од среда се очекува да има услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а нов влажен бран се очекува за време на викендот.

За утре, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со температура од 16 степени во Маврово до максимална 25 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 22-от степен.

Кон средината на оваа работна недела ќе има услови за дожд и температура која што ќе се движи околу 25-от степен.

Но, потоа во четврток и петок ќе настапи стабилизирање на времето со повеќе сончеви периоди. Повеќе дожд се најавува за претстојниот викенд кога температурата ќе биде до 22-от, односно 19-от степен.

Здравствените служби велат дека нема драстично зголемување на бројот на јавувања од страна на пациентите, освен од хронично болните за кои што променливото време има големо влијание врз нивното здравје, па бараат почитување и редовно користење на препишаната терапија.

Но, тегоби чувствуваат и сосема здравите луѓе, па затоа остануваат советите за повеќе движење, здрава исхрана, внесување на повеќе течности и витамини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.