Подигнато обвинение против Венус Вилјамс поради предизвикување сообраќајка со смртен исход

Против некогашната прва тенисерка на светот, 37-годишната Американка Венус Вилијамс подигната е граѓанска тужба поради невнимателно возење со кое предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало едно лице

Тужбата против Венус Вилијамс ја покренало семејството на 78-годишниопт Џериом Берсон, кој починал на 22 јуни во болница од повредите здобиени во сударот кој се случил на 9 јуни.

По несреќата полицијата не подигнала обвинение против Вилијамс, но со вештачењето е утврдено дека тенисерката при влегувањето во крстосницата не погледнала надесно и така му ја одземала предноста на возилото со коешто управувала 68-годишната Линда Берсон којашто се здобила со неколку полесни повреди, додека нејзиниот сопруг Џером кој седел на совозачкото место се здобил со тешки повреди на главата.

Семејството на починатиот ја обвинува Вилијамс за „невнимателно возење“ со којашто предизвикала судар на нејзиниот робусен СУВ „тојота секвој“ и малото „хундаи аксент“ на семејството Брсон.

Тенисерката преку својот адвокат Маклолм Канингам изрази „најдлабоко сочувство на семејството кое загуби сакана личност“ но тој не сакал да ја коментира тужбата. Претходно беше изјавено дека Вилијамс не го управувала возилото под дејство на алкохол или дроги, како и дека во крстосницата влегла на зелено светло.

Петкратната освојувачка на Вимблдон би требало во понеделник да го игра мечот од 1-то коло од најголемиот светски тениски турнир против Белгијката Елиза Мартенс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.