Подметнат пожар во ноќен клуб

Непознато лице подметнало пожар во ноќен клуб, вчера во атар на село Варош, информираше МВР.

 На 07.09.2018 година околу 1.30 часот во Полициска станица Прилеп, пријавено било дека на магистралниот пат Македонски Брод- Прилеп на место викано „Тополка“, во објект  кој се користи како ноќен клуб настанал пожар.
Од страна на Противпожарна единица Прилеп пожарот е изгаснат, а од извршениот увид е констатирано дека непознат сторител со запалива материја предизвикал пожар во дворното место и внатре во локалот, при што е опожарен дел од инвентарот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.