Подметнат пожар во биро на германски министер кој се залага за закон за промена на полот

Во канцеларијата на германската министерка за семејни работи Лиза Паус во нејзината изборна единица во Берлин бил подметнат оган од неидентификувани напаѓачи, нема настрадани и се води истрага, соопшти во средата локалниот огранок на партијата Зелени.

„Ноќта меѓу 16-ти и 17-ти август беше извршен напад со подметнат пожар во канцеларијата во изборната единици на пратеничката во германскиот Бундестаг и сојузна министерка за семејни работи Лиза Паус, како и канцеларијата на Партијата на зелените во Шарлотенбург-Вилмерсдорф (во Берлин). За среќа нема настрадани. Но нанесена е значителна штета, чијашто висина сѐ уште не е утврдена“, се вели во соопштението на партијата и се додава дека „државното обезбедување веќе започнало истрага“.

Лиза Паус беше именувана за функцијата министерка за семејни прашања, постари граѓани, жени и млади во април по скандалозната оставка на нејзината претходничка Ана Шпигел.

Во јуни годинава Паус заедно со министерот за правда Марко Бушман, на јавноста ѝ го претставија контроверзниот предлог-закон за „самоопределување“ за проширување на можноста германските граѓани да го променат полот.

Според законскиот предлог, граѓаните ќе можат самостојно да поднесуваат барања за промена на полот во органите без претходно потребните лекарски извештаи, особено на двата психијатриски наоди. Таквите права се однесуваат на адолесценти од 14-годишна возраст, со согласност на родителите или со одлука на суд за малолетници. Покрај тоа, полото ќе може да се менува во пасошот годишно.

Предлог-законот е критикуван и во научната заедница во Германија и меѓу граѓаните. Секој четврти Германец се противи на оваа иницијатива, речиси половината се против делот кој се однесува на зголемувањето на овластувањата на 14-годишниците, објави неодамна социолошкиот институт YouGov.