Поднесена пријава против едно лице за предизвикување пожар во Зајас

МВР соопшти дека поднело соодветен поднесок против Р.З. (67) од село Зајас, осомничен за предизвикување пожар во месноста Думовско Маало во селото.

Во соопштението се посочува дека денеска во 10:50 часот во полициското одделение Зајас било пријавено оти во село Зајас, во месноста Думовско Маало избувнал пожар, при што била зафатена сува трева и бандера сопственост на ЕВН.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Кичево. По преземени соодветни мерки и активности, во ПО Зајас е обезбеден Р.З. и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.