Поднесена тужба поради загадување со олово по пожарот во Нотр Дам

Yaghobzadeh/Pool via REUTERS

Француската еколошка асоцијација Robin des bois поднесе тужба против непознати лица во врска со загадувањето со олово на просторот околу соборниот храм на Пресвета Богородица во Париз, пренесува во понеделникот весникот Le Monde.

Локалните жители се жалат на недејствување на властите, кои според нивното мислење го загрозуваат здравјето на луѓето. Освен жителите на соседните населби, лошо биле информирани за можните последици и оние кои работеле на расчистувањето на остатоците, велат претставниците на организацијата.

„За три месеца собравме доволно докази за да поднесеме тужба“, рекол за весникот Жаки Бонман, претседател на Robin des bois.

Весникот истакнува дека ова е првата организација која објавува онфроамција за опасните последици од пожарот во Нотр Дам, каде што се стопија околу 400 тони оловни плочи на покривот од катедралата. Регионалните асоцијации за здравствена заштите, како и градскиот совет на Париз и префектурата на француската престолнина, уверуваат дека сите неопходни мерки за зачувување на здравјето биле преземени од самиот поречеток на реставрацијата на храмот.