Поднесени вкупно 41.817 барања за отпис на долгови

Вкупно 41.817 барања за отпис на долг се поднесени до вчера кога и заврши рокот во кој граѓаните можеа да аплицираат, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

-Очекуваме првите решенија од страна на Комисијата за еднократен отпис на долговите да се издадат кон крајот на овој месец, истакна Спасов.

Тој додаде дека граѓаните најчесто барале отпис на долговите од потрошувачки кредити, струја, радиодифузна такса и неплатени долгови за топлинска енергија.