Поднесено обвинение против Миленко Неделковски

Јавното обвинителство во Скопје до Основниот суд Скопје 1, поднесе обвинение против Миленко Неделковски за кривичното дело „дистрибуција на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем”.

Неделковски е обвинет дека на 24 јули, преку компјутерскиот систем, споделувал ксенофобични материјали промовирајќи омраза врз етничка основа. Односно, осомничениот како јавна личност – новинар, од својот јавен профил на социјалните мрежи објави коментар за пожарот на грчкиот остров Атика, во кој имало и човечки жртви. За ова дело, според Кривичниот законик, се предвидува казна затвор од една до пет години затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.