Поднесено обвинение против Рашковски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција  со кое раководи Вилма Русковска, денеска до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери, дознава „360 степени“ од судски извори. Засега нема официјална потврда на овие сознанија на „360 степени“.

Пред точно седум месеци порталот ја објави првата од серијата истражувачки стории, во која обелоденија дека ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81.000 евра.

Тој тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити”, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барале ниту планираат да го користат софтверот за кој никој не ги прашал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.