Подољак: Прерано е да се зборува за руско повлекување од Херсон

Вишиот советник на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави во средата дека е прерано да се зборува за руското повлекување на руските единици од јужниот град Херсон, заземен уште од почетокот на инвазијата на крајот од февруари.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, по сугестиите на главниот командант на руските сили кои војуваат во Украина, генералот Сергеј Суровикин, претходно во средата нареди руските трупи да се повлечат од западниот брег на реката Дњепар за да не се ризикуваат животите на војниците и преостанатите жители, и да се зацврстат позициите на источниот брег.

„Треба да се одвојат зборовите од делата“, изјави Подољак, политички советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Додека украинското знаме не биде развиорено над Херсон, нема смисла да се зборува за руско повлекување. Украина не ги зема предвид тие изјави. Сѐ уште е прерано да се зборува за повлекување на руските трупи од Херосн, во градот се задржува групација вооружените сили на Руската Федерација, а во регионот се довлекува дополнителна жива сила“, рече Подољак.

Додаде дека украинската војска „работи на својот план: извидување, процена на ризикот, ефикасен противнапад“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.