Македонско-Германското стопанско здружение за своите членови организираше презентација на тема: “Поттикнување на иновациската дејност и подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации кај компаниите”.
Презентацијата за работењето на фондот за иновации и технолошки развој ја одржа директорот на фондот, Јасмина Поповска, која информираше за формите на аплицирање, кој се може да аплицира, која е висината на грантовите и кој ја донесува одлуката при изборот на проекот.
Мисијата на фондот за иновации и технолошки развој е поттикнување на иновациската дејност кај микро, мали и средни, воедно и ново-основани претпријатија со цел да се постигне забрзан технолошки развој кој се темели на трансфер на знаења, развојни истражувања и иновации. Истите пак би придонеле за економскиот раст и развој и како и подобрување на де