Подофицер и војник на АРМ позитивни на Ковид-19

115

Во текот на денешниот ден потврдени се два случаи на припaдници на Армијата кај кои на тестот за „Covid19“ се покажани позитивни параметри. И двата припадници (подофицер и војник) извршуваат работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал, соопштија од Армијата.

Веднаш по сознанието за  случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк. На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот е од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал.

Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Covid19.

И двата припадници не биле во странство. Армијата во озминатиот период целосно ги пoчитува препораките од миностерството за здравство при што одреден број припадници превентивно се повлечени во самоизолација и при самото сомневање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.