Подолјак одговори на објавата на Маск за превратот во Киев

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во неделата дека во Украина никогаш немало државен преврат, одговарајќи на објавата на американскиот претприемач Илон Маск според кој во 2014 година во Киев бил изведен државен удар.

„Слободните општества влијаат на државите преку дијалог/избори. Поробените општества излегуваат на улица да се ослободат од репресивните држави. Ова е основата на слободата, Илон Маск. Никогаш немало пуч во Украина, но секогаш имало слободни луѓе. Престанете да ги читате руските весници“, објави Михаило Подолјак во неделата на Twitter.

Претходно Маск, исто така, на Twitter објави дека „без секакво сомневање“ во 2014 година во Украина беше изведен државен удар.

Објавата на Маск всушност беше коментар на објавата на еден од корисниците на Twitter кој објави извадок од подолгиот напис на американскиот професор Џон Меаршајмер кој наведува дека за рускиот претседател Владимир Путин „незаконското соборување“ на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович била „последната капка“.

„Тие избори, можеби, биле сомнителни, но нема никакви сомневање дека превратот навистина се случи“, коментираше еден од најбогатите луѓе на планетата и сопственик на Twitte.

Главниот киевски Плоштад на независноста (Мајдан Незалежености) беше заземен од поддржувачите на евроинтеграциите на 21-ви ноември 2013 година, веднаш откако тогашната влада објави дека привремено го суспендира потпишувањето на договорот за придружување на Европската унија, незадоволна од понудената финансиска помош и условувањата за Украина на којашто ѝ се закануваше банкрот. Демонстрантите беа секојдневно посетувани од западните високи политичари, во прв ред од сегашната заменичка на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

Во меѓувреме тогашните министри за надворешни работи на Германија, Франција и Полска потпишаа договор со претседателот Виктор Јанукович за намалување на претседателските овластувања и одржување предвремени избори пролетта 2014-та година.

Но веднаш потоа очигледно подготвените и според некои тогашни извештаи помогнати со странски активисти и западни специјалци, демонстрантите на Мајден заземаа важни владини објекти и телевизии, а во судирите беа убиени стотина припадници на специјалната полиција „Беркут“ и цивили. Вооружени маскирани лица упаднаа со автомати во парламентот (Врховната Рада) и ги истераа пратениците на тогаш владејачката Партија на регионите. Јанукович потоа пребега во Русија.