Подрачјето на СВР Битола со највисок број прекршувања на мерката за носење маска

Во текот на изминатото деноноќие од страна на полициските службеници констатирани се 975 прекршувања на уредбата на носење заштитна опрема.

Најголемиот дел од нив се подрачјето на СВР Битола.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 383 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Најголемиот дел од контролите се направени на подрачјето на СВР Штип.