Подземната сообраќајница на Јужен булевар ќе биде готова за две години

Подземната сообраќајница на Јужен булевар треба да биде изградена за 22 месеци, најави денеска на промоцијата на проектот инвеститорот „Лимак Холдинг“.

Градежните работи за изградба на булеварот под земја се веќе почнати и како што кажа потпретседателот во „Лимак инвестиции“ Сердар Баџаксиз, паралелно ќе се работи и на изградбата на „Дајмонд“ комплексот кој ќе вклучува станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња.

Лимак холдинг овој проект во Скопје го најави уште во 2012 година.

– Доцнењето на реализацијата на проектот во Скопје е поради тоа што не можевме да ги добиеме потребните дозволи, но сега тоа е надминато и почнуваме со реализацијата – рече на денешната свеченост Сердар Баџаксиз, еден од директорите на Холдингот.

Станува збор за модерна подземна улица која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Булеварот ќе има по две коловозни ленти од двете страни, посебна лента за движење на автобуси и ќе биде со должина од 800 метри.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.