Охридската полиција соопшти најнови детали за сообраќајната несреќа во која во саботата рано попладнето едно лице го загуби животот, а уште три се повредени.
Како што веќе беше објавено во несреќата учествувале четири возила, а истата се случила во 14,40 часот на магистралниот пат Подмоље – Охрид, пред манастирот „Свети Еразмо“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека сообраќајна незгода се случила помеѓу „фолксваген голф“ со охридски регистарски управуван од 51-годишниот Љ.Г. од Охрид, „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управуван од 22-годишниот Е.Љ. од Охрид, „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управуван од 46-годишниот А.Џ. од Струга и камион „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот Т.Ѓ. од охридското село Вапила.
„Во незгодата, сопатникот од возило ‘фолсваген голф’ Х.Г. на 78 години од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата ‘Свети Еразмо’ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата Свети Еразмо“, рече Димоски.