Поедници стравуваат од содржината на пораките во телефонот на Боки 13

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, во понеделникот во Кривичниот суд изјави дека дел од информациите кои ги имало во неговиот телефон, ги нема во дискот што го добил од Министерството за внатрешни работи, алудирајќи дека тие се со умисла отстранети.

Ова во судот го потврди и компјутерски експерт ангажиран од одбраната. Адвокатот на Боки 13, Сашко Дуковски, рече дека поединци се плашат од пораките кои ги поседувал неговиот клиент во својот мобилен телефон.

„Доколку се докажат нашите тврдења, некој дебело ќе одговара од таму. Судот тука воопшто можеби не е виновен затоа што судот изиграва еден вид трансмисија и тоа е обезбедено од страна на МВР. Но, внимавајте, цел фолдер, се работи за илјадници, некаде околу 200.000 пораки на WhatsApp. Тие се избришани од хард дискот. Ги нема. Каде се тие? Како ние ќе ја утврдуваме фактичката состојба во овој конкретен предмет“, рече Дуковски.