Поетот Борче Панов добитник на светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година

Поетот Борче Панов од Радовиш, кој во последно време е еден од најпреведуваните македонски поети во светот, ја доби светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година.

-Честа е голема, бидејќи ја добивам како прворангиран поет во силна конкуренција од светски познати поети помеѓу кои се Фалеха Хасан од Ирак/САД, номинирана за Пулицерова награда, Купријанов Вјачеслав од Русија, еден од најголемите руски поети денес, Лидиа Чиарели, Мај Ван Пен од Виетнам, Ванг Гуилин од Кина и други кои се книжевни ѕвезди во нивните земји, универзитетски професори, амабасадори на мирот, амбасадори на културата, основачи и раководни лица во разни светски литературни фондации и поетски движења и асоцијации, како и промотори на модерната интернационална поезија, рече Панов.

Наградата му е доделена од Одборот на судии за литература од Европа, Америка и Африка составен од шест судии од Турција, Италија, Шведска, Република Македонија, Чиле и Капе Верде (Република Зелен ’Рт), кои одлучувале од 600 селектирани апликации со по 20 песни од секој поет од цел свет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.