Поетско читање со поетесата Дорит Вајсман во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организира поетско читање и разговор со израелската поетеса и режисерка Дорит Вајман во среда, 23 октомври 2019 година, со почеток во 19:00 часот во познатото место за алтернативни културни настани Sub Club во Струмица.

Дорит Вајсман (Dorit Weisman) е поет и филмски режисер од Израел, родена 1950 година во Тел Авив. Има издадено десет поетски збирки, две книги со преводи на поезија од Чарлс Буковски на хебрејски јазик, два романа и уредила две антологии со социјално ангажирана поезија.

Добитничка е на престижната награда „Јехуда Амихај“ за поезија, наградата од Министерството за култура за израелски автори и други интернационални награди. Има режирано три документарни филмови кои се проектирани во кината во Израел, на националната телевизија и на неколку интернационални филмски фестивали.

Дорит Вајсман е основач и активен член на „Poetry Place“, место за поезија цо центарот на Ерусалим и член на глобалното движење „100 Илјади поети за промена“.