Поевтини цени на горивата од денеска

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалија во просек за 1,95 отсто.

Така, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалија по половина денар, па еден литар од овие горива сега чини 58, односно 60 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намали за еден денар, па литар дизел ќе чини 49,50 денари.

Од Комисијата истакнуваат дека намалувањето е во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените.