Погба е новата “десетка” во Јувентус

Тевез достојно ја носеше "десетката" во Јувентус

Сепак, овој предлог не беше прифатен, а “десетката” му беше доделена на Карлос Тевез, кој успеваше да се носи со тежината која доаѓа со овој број на дресот.

Големи имиња на светскиот фудбал го носеа дресот со бројот “10” во Јувентус, како Платини, Сивори, Роберто Баџо, а по Дел Пиеро и Тевез овој број ќе го превземе новиот лидер во тимот, Пол Погба.

Погба е новата ѕвезда на Јувентус со бројот "10" на грбот
Погба е новата ѕвезда на Јувентус со бројот “10” на грбот

Францускиот репрезентативец веќе в сабота ќе има можност за првпат да го облече дресот со бројот десет, а се очекува оваа одлука да наиде на одобрување кај сите фанови на Јувентус.

Дали оваа промена која ќе ја направи Погба значи и дека дефинитивно ќе остане во Торино долг период, останува да видиме.