Погба и Марота ќе седнат на преговарачката маса

Генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота потврди дека во текот на следните неколку ден ќе има состанок со агентот на францускиот интернационалец Пол Погба и додаде дека ќе се обиде да најде заеднички јазик околу новиот договор.

„Да, точна е информацијата дека во следните неколку дена ќе имам состанок со агентот на Пол Погба. Не знам кога точно, но до крајот на оваа недела ќе седнеме на преговарачката маса. Ставот на Јувентус е јасен како ден, сакаме Погба уште многу години да го носи ‘црно-белиот’ дрес. Ние ќе му понудиме нов, нормално побогат договор. Го има заслужено таквиот договор, но Погба и неговиот агент мора да сватат дека Јувентус е неговата иднина, дека ова е неговата природна средина”, изјави Мората.

Погба веќе е информиран дека ќе му биде понуден нов петгодишен договор и годишна плата од пет милиони евра што е за 3,5 милиони евра поголема од таа што моментално ја заработува.