Погба не се плаши од Германија

Стрелецот на првиот погодок на дуелот против селекцијата на Нигерија, репрезентативецот на Франција, Пол Погба по натпреварот изјави дека е подготвен за следниот предизвик на Мундијалот во Бразил, четвртфиналниот дуел против репрезентацијата на Германија.

„Зошто да се плашиме од Германија? Франција не се плаши од ниту еден противник. Ние сме националниот тим на Франција. Сите сме подготвени за следниот предизвик. Можам да ветам дека сите ќе дадеме се од себе и на тој натпревар. Нормално дека сакам да играме и против репрезентацијата на Бразил. Се сеќавам на финалниот натпревар од Мундијалот во 1998 година од дуелот помеѓу Франција и Бразил. Постои едно големо ривалство помеѓу тие две репрезентации. Нормално дека сакам еден таков финален натпревар, но да идеме чекор по чекор, да се сконцентираме на дуелот против Германија”, изјави Погба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.