Погба прогласен за најдобар играч на Манчестер јунајтед во декември

36

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, е прогласен за најдобар фудбалер на тимот од „Олд Трафорд“ во декември, објавено е на клупскиот твитер-профил.

25-годишниот Французин минатиот месец одигра шест натпревари, постигна четири гола и оствари три асистенции.

Во тековната сезона, Погба одигра 23 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи 9 гола и седум асистенции.

Манчестер Јунајтед е рангиран на 6. место на табелата во Премиер лигата со 25 бода по 20 кола.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.