Погба се враќа во Јувентус

21

Францускиот репрезентативец Пол Погба се договорил за преселба во Јувентус, откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед и стана слободен фудбалер, а вестите ги потврди специјалистот за трансферот, новинарот Фабрицио Романо.

Погба во претходните години не се прослави во Манчестер јунајтед, а по последните преговори меѓу агентите на Французинот и Јувентус биле договорени сите детали од договорот.

Французинот се очекува да стави потпис на договорот и да биде промовиран на почетокот на јули, па така „Старата дама“ ќе добие големо засилување пред почетокот на следната сезона.

Јувентус го продаде Погба во Јунајтед за 100 милиони евра, а сега повторно го враќа назад целосно бесплатно.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1540019104488329220?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540019104488329220%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fgotovo-e-pogba-se-vrakja-vo-serija-a-foto

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.