Поглаварот на СПЦ е позитивен на коронавирусот

Српскиот патријарх Порфириј е позитивен на коронавирусот и следните денови ќе ги помине на домашно лекување, соопшти СПЦ.

– Имајќи предвид дека резултатот од денешното тестирање на Неговата Светост српскиот патријарх г. Порфириј за вирусот САРС-КоВ2 е позитивен, согласно одреден протокол и совети на лекарите, поглаварот на СПЦ следните денови ќе ги помине на домашно лекување – се наведува во соопштението.

Од СПЦ додаваат дека патријархот има многу благи симптоми на вирусна инфекција, му е препишана соодветна терапија и ги почитува сите епидемиолошки мерки. Преку електронските комуникации е во постојан контакт со соработниците и целосно непречено ги извршува административните работи.

– Исто така, не престанува молитвено да ги поддржува лекарите и медицинскиот персонал во нивната работа, а особено се моли за оздравување на сите погодени од епидемијата. Патријархот изразува жалење што јавните манифестации на кои тој требаше да учествува се одложени до дополнително известување – се вели во соопштението на Српската православна црква.