Поглаварот Стефан ќе сослужува со вселенскиот патријарх Вартоломеј?

На празникот Св. Тројца на 5 јуни годинава, поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) г.г Стефан ќе ја одржи првата заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград.

Ова го најави бугарскиот весник „Дневник“ на својата веб-страница со текст посветен на црковните состојби по канонското признавање на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, која ја повика црквата од Скопје да го бара решението за автокефалност низ дијалог со Српската православна црква (СПЦ).

– Ниту ја потврдувам, ниту ја демантирам ваквата информација – изјави за Пресинг ТВ портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.

Во текстот не се споменува децидно местото на заедничкото богослужење, но најверојатно тоа ќе биде во Царигардската патријаршија.