ВИДЕО: Погледнете го трејлерот за филмот „Педесет нијанси потемно“

Филмот „Педесет нијанси потемно“ (Fifty Shades Darker) е потпишан од режисерот, Џејмс Фоли  по сценарио на Ниел Ленард, а претставува продолжение на приказната за Анастасија Стил и Кристијан Греј.  

Двајцата се главни протагонисти на еротската драма „Педесет нијанси сиво“ од 2015 година која е пишувана по истоимениот роман на британската писателка Е.Л.Џејмс.

Продолжението на љубовната приказна Анастасија и Критијан кои ги играат Дакота Џонсон и Џејмс Дорнан, може да се очекува во почетокот на февруари 2017 година, кога ќе пристигне во светските кино сали.

Приказната го следи откривањето на „темното“ минато на Греј во формата на фатална Елена Линколн. Покрај наведените, улогите ги толкуваат и Ким Бесинџер, Лук Гримс, Елојз Мамфорд  и други.